Топлификација АД Скопје на 17.04.2012, со писмен допис ја извести Регулаторната Комисија за Енергетика, дека грејната сезона 2011/2012 год. е завршена бидејќи е исполнет условот: три дена едно по друго надворешната температура на воздухот во 21:00 часот да биде поголема од 12 C.
Топланите ќе останат во приправна состојба се до крајот на месец април и доколку три дена едно подруго надворешната температура на воздухот е пониска од 12 степени целзиусови, грејната сезона ќе продолжи но најдоцна до 01.05.2012.
Допис до Регулаторната комисија за енергетика за крај на грејната сезона![]()
Измерени температури од ХМЗ![]()
Поради дефект на вод од дистрибутивната мрежа во близина на Т.Ц. Бисер има прекин во испораката на топлинската енергија на 16 објекти кои што се снабдуваат од овој вод. Екипите на Дистрибуција на топлина интензивно работат на отклонување на дефектот и негово брзо отстранување. Прилог листа на затворени објекти.
На ден 10.02.2012 ,во период од 07:00 до 09:00 часот ,поради дефект на внатршната електрична инсталација ,Топлана Исток не работеше,односно не испорачуваше топлинска енергија.
Во тој период без греење останаа населбите Аеродром, Ново Лисиче, Автокоманда и дел од централно градско подрачје, до Универзална сала,односно конзумното подрачје кое се снабдува со топлинска енергија од ТО Исток.
До 09:00 часот дефектот беше саниран и топланата во моментов е во редовна работа.
Согласно Зконот за заштита на личните податоци, имате право да се информирате за Вашите лични податоци, преку пополнување на барањето за проверка на личните податоци, како и да побарате нивно бришење, измена или дополнување, доколку констатирате дека се неточни, нецелосни или неажурирани. Барањето за проверка можете да го земете во Наплатниот центар на Снабдување Исток кој се наоѓа на бул. Јане Сандански бр. 49, истото да го пополните и да ни го доставите.
Со писмен допис бр 01-1123 од 24.11.2011 Снабдување Исток ја извести Р.К за потребата од организирање состанок со надлежните институции во врска со вградување на опремата за примена на моделот за наплата , согласно потрошената топлинска енергија на ниво на стан кај новите објекти во градба .
На подготвителната седница одржана на ден 28.10.2011 , Снабдување Исток уште еднаш ја актуелизираше потребата за нормативното уредување за вградувањето на опремата со чија помош би се применил моделот за наплата согласно потрошената енергија на ниво на стан кај новите Објекти во градба(топлински распределители, термостатски вентили и баланс вентили) .
Целта на инцијативата е во насока на смaлување на трендот на исклучување на потрошувчите , кое во 2011 год е најизразено и кое во нарениот период може да ескалира , барем кај новите објекти во градба , кај кои е најлесно да се реализира вградувањето на опремата за наплата согласно потрошената енергија на ниво на стан.
Новите објеки би биле и најголеми промотори за полезноста од примената на овој модел на наплата и кај постојните објекти,со што директно ќе се влијае и на негова се поголема примена .
Снабдување Исток смета дека оваа работа може многу лесно да се реши при самата постапка на издавање на Одобрени за градба од страна на Градот Скопје и Локалната самоуправа(Варијанта бр 1) . Потребно е само да се направи дополнување на текстот на Одборението за градба при што треба да се додаде и следнив услов:
Термотехнички проект со вградување на опрема за примена на моделот за наплата согласно потрошената енергија на ниво на стан.(термостатски вентили, топлински рапределители и баланс вентили)
Втора Варијанта е, да се интервенција во Законот за градба , каде во делот на издавање на Одобрени за градба би се додало следново:
За објектите кои ќе се градат, одбрение за греење нема да се издава до колку со проектната документација не е предвидено вградување на Опрема за примена на моделот за наплата согласно потрошената енергија на ниво на стан.
Врз основа на предложените варијанти за кои треба да се дискутира на состанокот , Р.К треба во своите постојни подзаконски акти, да направи измена и дополнување со сите пропратни и потребни информации.
Снабдување Исток со цел да им помогне на своите потрошувачи се обрати со писмен допис до EVN со кој бараме потрошувачите на топлинска енергија навремено да бидат известувани доколку се прекине снабдувањето со електрична енергија на топлинската подстаница на објектот поради неплатена заедничка потрошувачка со истакнато известување на видно место во влезот на објектот.
На овој начин на потрошувачите ќе им се даде време навремено да реагираат и да се организираат.
Дописот до EVN
Согласно доставените информации од Производителот на топлинска енергија за измерени температури во 21:00 часот, во изминатите два дена, сабота и недела (08.10.2011 и 09.10.2011) се измерени температури пониски од 12°C и доколку и денес, понеделник се измери пониска температура од 12°C, тогаш грејната сезона ќе отпочне од 11.10.2011 согласно режимот за испорака на топлинска енергија кој што можете да го најдете во мени Акти за работа/Интерни акти.
Снабдување Исток испрати писмен допис број 01-865/1 од 23.09.2011до Регулаторната комисија за енергетика, за да укаже на сериозноста на проблемот со исклучувањата на потрошувачите од топлификацискиот систем и импликациите врз зголемување на трошкот за греење врз активните потрошувачи, кои сакаат да се греат.
Во дописот, ја информиравме Р.К. дека трендот на исклучување на потрошувачите континуирано расте со укинувањето на одлуката од страна на Уставниот суд во 2009 год како и со Правилниците кои ги донесе Регулаторната комисија за енергетика, со кој се дозволува исклучување на потрошувачите без никаков надомест .
Само за последниве три години(2009,2010,2011) се исклучени над 2500 потрошувачи од конзумното подрачје на Снабдување Исток, или околку 20MW инсталиран конзум.
Нагорниот тренд на исклучување ,допринесе голем број од објектите да имаат висок процент на исклучени станови, со што директно е нарушен енергетскиот биланс на објектот, бидејки ретко кој од исклучените станови ги загреваат своите простории на исто ниво како становите кои се приклучени на топлификациониот систем, а истите добиваат топлина преку заедничката инсталација на објектот и преку топлите ѕидови од потрошувачите кои се сеуште приклучени на топлификациониот систем.
Заради ваквата состојба со енергетскиот биланс, на активните потрошувачи им е потребна дополнителна енергија за загревање на просториите, заради кои и специфичната потрошувачка на енергија на објектот се зголемува.
Со тоа активните потрошувачи уште повеќе се оптоварени со дополнителен трошок, што повторно предизвикува дополнителни исклучувања, бидејки потрошувачите не се во можност да го издржат зголеменуиот трошок, не по своја вина, со што им е ускратено правото да се греат по своја волја.
Во соседните држави, како на пример Бугарија и исклучените потрошувачи се задолжуваат со одреден надоместок. Со воведување на ваква методологија каде и исклучените потрошувачи би се задолжувале со одреден надоместок за топлинска енергија би се ублажиле исклучувањата и би се избегнало исклучувањето на цели објекти со што ќе се задржи стабилноста на енергетскиот сектор.
За да се ублажи проблемот со иасклучувањето, Снабдување Исток, му предложи на Р.К да се напрват следниве работи:
1. Да се направат измени на сите Подзаконски акти што ги има донесено Р.К за енергетика со кои ,во моментов е дозволено исклучување на потрошувачите без никаков надомест во процесот на распределба на трошкот за топлинската енергија на ниво на ММ. Со најновите измени, исклучените потрошувачи би плаќале дел од потрошената топлинака енергија на ниво на ММ, пропорционално на квадрадратурата, или по некој друг критериум.
2. Во новите правилници од Р.К за енергетика да се стави обврска за инвеститорите , внатрешната инсталација за новите објекти да биде проектирана со опрема за штедење на топлинска енергија, што подразабира вгардување на термостски вентили и топлински распределители како и баланс вентили и пумпа со фреквента регулација за нормало работење на термостатските вентили. На тој начин би им се овозможила опцијата за индивидуално штедење што во услови на високи цени на енергенсите е од исклучителна важност .а на државата ќе и допринесе со помал увоз на енергенси. Со тоа и моделот на распределна кај старите објекти има шанси да добие на масовност.
3. Во новите Правилници од Р.К да се стави обврската за инвеститорите за извршено балансирање на внатрешната инсталација на објектот.
Почитувани потрошувачи,
Дистрибутерот на топлинска енергија во период од 14 до 23.09.2011 ќе одпочне со надополнување на објектите и ставање на внатрешната инсталација на работен притисок од 5 bar за предстојната грејна сезона.
За таа цел од страна на Вашиот Снабдувач, беа залепени писмени известувања на влезовите на објектите како и по две известувања, по случаен избор на потрошувачите од секој влез.
Известувањата беа доставени,со цел да се спречат евентуални течења во внатрешната инсталација на објектот и на потрошувачите, по разни основи,пред официјалниот почеток на грејната сесзона.
Согласно горе наведеното, за да може да се обезбеди непречена испорака на топлинска енергија за грејна сезона 2011/2012 на Вашите објекти, потребно е да ги исполните следниве услови:
1.Да завршите со сите интервенции на внатрешната инсталација до горе наведениот датум.
2. Да обезбедите непречен пристап на службените лица до топлинската станица, што подразбира типски клучеви на соодветните врати и на вратата на самата топлинска станица,
3. Да обезбедите постојана напојување на топлинската станица со електрична енергија (платени фактури за електичната енергија за пумпите од топлинската станица и испрaвна електрична инсталација до топлинската станица)
За сите информации, можете да се јавите во диспечерскиот центар на дистрибутерот на топлинска енергија на тел 30 76 200.
Почитувани потрошувачи,
За предстојната грејна сезона 2011/2012 Производителот и Дистрибутерот на топлинска енергија планираат да превземат активности за промена на постојаниот режим на испорака на топлинска енергија, со тоа што редуцирана испорака на топлинска енергија ќе се врши и во ноќните часови. Целта на воведување на новиот режим на работа е да се подобри квалитетот на услугата со обезбедување еднакви влезни параметри за сите објекти на мрежата без разлика на нивната оддалеченост од топлинските извори во периодот дефиниран за испораката на топлинската енергија а при тоа да се одржи оптималност и ефикасност на производниот и дистрибутивниот систем.
За сите останати активности ќе бидете благовремено известени.
Исто така се поставени и тремостатски вентили.

Сл 1. Пред санација на објектот

Сл 2. По санација на објектот
Заштедата на топлинска енергија е евидентна. Во текот на грејната сезона направени се мерења на температурата во становите, при што во споредба со минатата грејна сезона истите се покачени за 5-6°C, поради што е направена дополнителна регулација на објекот, односно намалена е испораката на топлинска енергија со цел да не се прегрева објекот и да се остварат поголеми заштеди. Крајните резултати се дека во споредба со минатата грејна сезона има остварено заштеда од 26% енергија, а со тоа и фактурите за топлинска енергија се намалени, и плус зголемен топлински комфорт на станарите, а за наредната грејна сезона се претпоставува дека заштедите ќе бидат уште поголеми (30-40%).
Во текот на летниот период Снабдување Исток е во план да опреми уште два објекти за мерење и наплата на топлинската енергија на ниво на стан. Ова ќе биде продолжение на пилот проектот од изминатата грејна сезона при што за првпат на еден објект беше инсталирана опрема која го овозможува овој модел на наплата и истата беше грант за потрошувачите. Снабдување Исток ги спроведува ваквите проекти со цел популаризирање и запознавање на потрошувачите на овој модел и преку реални примери, не само теоретски, со помош на кој потрошувачите имаат опција за штедење.
Во дијаграмот што е прикажам е дадена споредба на финасиското задолжението по потрошувач согласно потрошената топлинска енергија за секој стан, во однос на финасиското задолжение по м2.(постојниот модел за рапределба и наплата на топлинската енергија)

Графички приказ на потрошувачката
Од 8 потрошувачи заштеда имаат остварено 5 потрошувачи во однос на моделот за распределбата и наплатата на топлинска енергија по м2, од кои што најголема заштеда има остварено потрошувач 1 кој што има остварено заштеда од 24% или 10,851 ден.
Да напоменеме дека заштедата зависи исклучиво од однсеувањето на потрошувачите, односно колку штедат. Во изминатиот период распределбата на топлинска енергија се вршеше согласно грејна површина и потрошувачите не беа мотивирани да штедат.
Бидејќи се работи за пилот проект, на крајот од грејната сезона 2010/2011 Снабдување Исток на сите потрошувачи што заштеделе, вкупно 5, за да ги стимулира, им достави корегирана фактура, согласно остварената заштеда, додека на останатите потрошувачи, вкупно 3 им достави фактури согласно постојниот модел за распределба и наплата на топлинска енергија и покрај тоа што имаа потрошено повеќе топлинска енергија.
Согласно важечките законски и подзаконски акти преку заедницата на сопственици, потрошувачите се во можност голем број од проблемите да ги решаваат навремено и брзо.
ОВЛАСТЕНИОТ ПРЕСТАВНИК НА ЗАЕДНИЦАТА НА СОПСТВЕНИЦИ, може да побара:
1. Поголема испорака на топлинска енергија во објектот;
2. Контрола на исклучени станови и доградби;
3. Увид на мерилото на топлинска енергија;
4. Информации во врска со режимот на испорака на топлинска енергија и дефекти
На овој начин се дава поголема легитимитет на сите претставки од потрошувачите, а во иднина комуникацијата ПОТРОШУВАЧ- СНАБДУВАЧ, ВО ЦЕЛОСТ БИ СЕ СВЕЛА ПРЕКУ ОВЛАСТЕНИОТ ПРЕСТАВНИК НА ЗАЕДНИЦАТА НА СОПСТВЕНИЦИ.
Заради тоа сите поединачни барања што ќе бидат доставувани од потрошувачите согласно точка 1, 2, 3 и 4 Снабдување Исток нема да ги земе во предвид, односно разгледување.
Со навременото подмирување на фактурите за греење, Вашиот Снабдувач ќе може на време да ги плати фактурите за гориво, односно за испорачаната и дистрибуирана топлинска енергија од страна на Производителот и Дистрибутерот на топлинска енергија. Секое пролонгирање на обврската за редовно подмирување на фактурите за греење, дополнително го усложнува работењето на Вашиот Снабдувач, односно се проблематизира континуираното и безбедно снабдување со топлинска енергија.

Сл 1. Пред санација на објектот

Сл 2. По санација на објектот
Извршена е санација на целата надворешна фасада на објектот, со вградување на топлинска изолација (стиропор) со дебелина од 10 cm, санација и реконструкција на кровот, заменети се обичните радијаторски со термостатски вентили како и фугирање и дихтување на прозорите.
Финансирањето на проектот е од страна на USAID, а Снабдување Исток го таргетираше објектот и беа приложени техничките податоци за истиот во однос на потрошувачката на објектот, големината и бројот на становите и социјалната структура на потрошувачите.
Досега се видливи значителни подобрувања од аспект на подобрување на термичкиот конфор и намалување на потрошувачката, а со тоа и фактурите за топлинска енергија.
Конечните резултати ќе бидат објавени по истекот на грејната сезона.

прес конференција
На 10.02.2011 Снабдување Исток Дооел-Скопје одржа прес конференција со медиумите, за да ги сопшти резултаите од реализацијата на Пилот проект со наслов: Распределба и наплата на топлинска енергија на ниво на стан со помош на топлински распределители.
Избран е објектот на Ул Бул Јане Сандански бр 114, со 8 стана и еден деловен потрошувач, со просечна квадратура на становите од 100 м2. Опремата е донација на фирмите производители на опрема: За распределителите –Техем од Германија, а за термостатските вентили –Данфос од Данска.
Резултатите од имплементацијата на проектот за првиот дел од грејната сезона 2010/2011 се охрабрувачки и истите се објавени на Веб страната.
Веб страната ги содржи сите потребни работи кои се во функција на правилното информирање и едукација на нашите потрошувачи, вклучително и на новинарите.
Се надеваме дека на овој начин ќе се намали и незадоволството кај оние потрошувачи, кои заради својата недоволната едуцираност и информираност знаеја често да реагираат и за работи за кои не беа во право.