На 26.06.2012 Регулаторната комисија за енергетика одржа подготвителна седница во врска со новите Правила за снабдување со топлинска енергија.
Со новите правила за снабдување потрошувачите што во иднина ќе сакаат да се исклучат ќе мора да обезбедат 80% согласност од станарите што се греат. при што ќе го плаќаат фиксниот дел од вкупниот надомест за топлинска енергија.
Потрошувачите од колективните станбени објекти кои се веќе исклучени исто така ќе го плаќаат фиксниот дел од вкупниот надоместок за топлинска енергија.
За мерно место со просечна потрошувачка од 150 KWh/m2 i 123 W/m2, при при постојаните важечки цени, фиксниот надомест на месечно ниво ќе изнесува 10 ден/m2, или за стан од 65 m2, месечно 650 ден, а годишно 7800 ден.
Фиксниот надомест во однос на вкупниот надомест за топлинска енергија се движи од 22 до 27%.