Почетна


Снабдување Исток со цел да им помогне на своите потрошувачи се обрати со писмен допис до EVN со кој бараме потрошувачите на топлинска енергија навремено да бидат известувани доколку се прекине снабдувањето со електрична енергија на топлинската подстаница на објектот поради неплатена заедничка потрошувачка со истакнато известување на видно место во влезот на објектот.
На овој начин на потрошувачите ќе им се даде време навремено да реагираат и да се организираат.
Дописот до EVNсимни .pdf



Согласно доставените информации од Производителот на топлинска енергија за измерени температури во 21:00 часот, во изминатите два дена, сабота и недела (08.10.2011 и 09.10.2011) се измерени температури пониски од 12°C и доколку и денес, понеделник се измери пониска температура од 12°C, тогаш грејната сезона ќе отпочне од 11.10.2011 согласно режимот за испорака на топлинска енергија кој што можете да го најдете во мени Акти за работа/Интерни акти.



Снабдување Исток испрати писмен допис број 01-865/1 од 23.09.2011до Регулаторната комисија за енергетика, за да укаже на сериозноста на проблемот со исклучувањата на потрошувачите од топлификацискиот систем и импликациите врз зголемување на трошкот за греење врз активните потрошувачи, кои сакаат да се греат.
Во дописот, ја информиравме Р.К. дека трендот на исклучување на потрошувачите континуирано расте со укинувањето на одлуката од страна на Уставниот суд во 2009 год како и со Правилниците кои ги донесе Регулаторната комисија за енергетика, со кој се дозволува исклучување на потрошувачите без никаков надомест .
Само за последниве три години(2009,2010,2011) се исклучени над 2500 потрошувачи од конзумното подрачје на Снабдување Исток, или околку 20MW инсталиран конзум.
Нагорниот тренд на исклучување ,допринесе голем број од објектите да имаат висок процент на исклучени станови, со што директно е нарушен енергетскиот биланс на објектот, бидејки ретко кој од исклучените станови ги загреваат своите простории на исто ниво како становите кои се приклучени на топлификациониот систем, а истите добиваат топлина преку заедничката инсталација на објектот и преку топлите ѕидови од потрошувачите кои се сеуште приклучени на топлификациониот систем.
Заради ваквата состојба со енергетскиот биланс, на активните потрошувачи им е потребна дополнителна енергија за загревање на просториите, заради кои и специфичната потрошувачка на енергија на објектот се зголемува.
Со тоа активните потрошувачи уште повеќе се оптоварени со дополнителен трошок, што повторно предизвикува дополнителни исклучувања, бидејки потрошувачите не се во можност да го издржат зголеменуиот трошок, не по своја вина, со што им е ускратено правото да се греат по своја волја.
Во соседните држави, како на пример Бугарија и исклучените потрошувачи се задолжуваат со одреден надоместок. Со воведување на ваква методологија каде и исклучените потрошувачи би се задолжувале со одреден надоместок за топлинска енергија би се ублажиле исклучувањата и би се избегнало исклучувањето на цели објекти со што ќе се задржи стабилноста на енергетскиот сектор.
За да се ублажи проблемот со иасклучувањето, Снабдување Исток, му предложи на Р.К да се напрват следниве работи:

1. Да се направат измени на сите Подзаконски акти што ги има донесено Р.К за енергетика со кои ,во моментов е дозволено исклучување на потрошувачите без никаков надомест во процесот на распределба на трошкот за топлинската енергија на ниво на ММ. Со најновите измени, исклучените потрошувачи би плаќале дел од потрошената топлинака енергија на ниво на ММ, пропорционално на квадрадратурата, или по некој друг критериум.
2. Во новите правилници од Р.К за енергетика да се стави обврска за инвеститорите , внатрешната инсталација за новите објекти да биде проектирана со опрема за штедење на топлинска енергија, што подразабира вгардување на термостски вентили и топлински распределители како и баланс вентили и пумпа со фреквента регулација за нормало работење на термостатските вентили. На тој начин би им се овозможила опцијата за индивидуално штедење што во услови на високи цени на енергенсите е од исклучителна важност .а на државата ќе и допринесе со помал увоз на енергенси. Со тоа и моделот на распределна кај старите објекти има шанси да добие на масовност.
3. Во новите Правилници од Р.К да се стави обврската за инвеститорите за извршено балансирање на внатрешната инсталација на објектот.



Почитувани потрошувачи,

Дистрибутерот на топлинска енергија во период од 14 до 23.09.2011 ќе одпочне со надополнување на објектите и ставање на внатрешната инсталација на работен притисок од 5 bar за предстојната грејна сезона.

За таа цел од страна на Вашиот Снабдувач, беа залепени писмени известувања на влезовите на објектите како и по две известувања, по случаен избор на потрошувачите од секој влез.

Известувањата беа доставени,со цел да се спречат евентуални течења во внатрешната инсталација на објектот и на потрошувачите, по разни основи,пред официјалниот почеток на грејната сесзона.

Согласно горе наведеното, за да може да се обезбеди непречена испорака на топлинска енергија за грејна сезона 2011/2012 на Вашите објекти, потребно е да ги исполните следниве услови:

1.Да завршите со сите интервенции на внатрешната инсталација до горе наведениот датум.

2. Да обезбедите непречен пристап на службените лица до топлинската станица, што подразбира типски клучеви на соодветните врати и на вратата на самата топлинска станица,

3. Да обезбедите постојана напојување на топлинската станица со електрична енергија (платени фактури за електичната енергија за пумпите од топлинската станица и испрaвна електрична инсталација до топлинската станица)

За сите информации, можете да се јавите во диспечерскиот центар на дистрибутерот на топлинска енергија на тел 30 76 200.




Почитувани потрошувачи,

За предстојната грејна сезона 2011/2012 Производителот и Дистрибутерот на топлинска енергија планираат да превземат активности за промена на постојаниот режим на испорака на топлинска енергија, со тоа што редуцирана испорака на топлинска енергија ќе се врши и во ноќните часови. Целта на воведување на новиот режим на работа е да се подобри квалитетот на услугата со обезбедување еднакви влезни параметри за сите објекти на мрежата без разлика на нивната оддалеченост од топлинските извори во периодот дефиниран за испораката на топлинската енергија а при тоа да се одржи оптималност и ефикасност на производниот и дистрибутивниот систем.

За сите останати активности ќе бидете благовремено известени.





Измината е една грејна сезона по реновација на објектот на ул. Л.Поптрајков бр. 34 во населбата Автокоманда финансиран од USAID. Објектот доби целосно нова “обвивка”, при што беше поставена фасада со 10 sm стиропор, како топлинска изолација и целосно е реновиран кровот.
Исто така се поставени и тремостатски вентили.

Сл 1. Пред  санација  на објектот

Сл 1. Пред санација на објектот

Сл 2. По санација на објектот

Сл 2. По санација на објектот

Заштедата на топлинска енергија е евидентна. Во текот на грејната сезона направени се мерења на температурата во становите, при што во споредба со минатата грејна сезона истите се покачени за 5-6°C, поради што е направена дополнителна регулација на објекот, односно намалена е испораката на топлинска енергија со цел да не се прегрева објекот и да се остварат поголеми заштеди. Крајните резултати се дека во споредба со минатата грејна сезона има остварено заштеда од 26% енергија, а со тоа и фактурите за топлинска енергија се намалени, и плус зголемен топлински комфорт на станарите, а за наредната грејна сезона се претпоставува дека заштедите ќе бидат уште поголеми (30-40%).




Во текот на летниот период Снабдување Исток е во план да опреми уште два објекти за мерење и наплата на топлинската енергија на ниво на стан. Ова ќе биде продолжение на пилот проектот од изминатата грејна сезона при што за првпат на еден објект беше инсталирана опрема која го овозможува овој модел на наплата и истата беше грант за потрошувачите. Снабдување Исток ги спроведува ваквите проекти со цел популаризирање и запознавање на потрошувачите на овој модел и преку реални примери, не само теоретски, со помош на кој потрошувачите имаат опција за штедење.


Во изминатата грејна сезона 2010/2011, Снабдување Исток спроведе пилот проект, при што за прв пат беа поставен топлински распределители и термостатски вентили во еден објект со адреса на АВНОЈ 114. Пилот проектот беше спроведен со цел во реално време да се видат ефектите од овој модел и да се стимулираат потрошувачите за имплементација на истиот во иднина. Истиот беше финасиран од Фирмата Техем, производител на топлински распределители и фирмата Данфос,производител на термостатски вентили.
Во дијаграмот што е прикажам е дадена споредба на финасиското задолжението по потрошувач согласно потрошената топлинска енергија за секој стан, во однос на финасиското задолжение по м2.(постојниот модел за рапределба и наплата на топлинската енергија)

Графички приказ на потрошувачката

Графички приказ на потрошувачката

Од 8 потрошувачи заштеда имаат остварено 5 потрошувачи во однос на моделот за распределбата и наплатата на топлинска енергија по м2, од кои што најголема заштеда има остварено потрошувач 1 кој што има остварено заштеда од 24% или 10,851 ден.
Да напоменеме дека заштедата зависи исклучиво од однсеувањето на потрошувачите, односно колку штедат. Во изминатиот период распределбата на топлинска енергија се вршеше согласно грејна површина и потрошувачите не беа мотивирани да штедат.
Бидејќи се работи за пилот проект, на крајот од грејната сезона 2010/2011 Снабдување Исток на сите потрошувачи што заштеделе, вкупно 5, за да ги стимулира, им достави корегирана фактура, согласно остварената заштеда, додека на останатите потрошувачи, вкупно 3 им достави фактури согласно постојниот модел за распределба и наплата на топлинска енергија и покрај тоа што имаа потрошено повеќе топлинска енергија.



Заради полесна комуникација и решавање на сите можни проблеми кои можат да се јават во врска со снабдувањето со топлинска енергија на ниво на објект, од заеднички интерес е комуникацијата ПОТРОШУВАЧ – СНАБДУВАЧ, да се врши преку ОВЛАСТЕНИОТ ПРЕСТАВНИК НА ЗАЕДНИЦАТА НА СОПСТВЕНИЦИ.

Согласно важечките законски и подзаконски акти преку заедницата на сопственици, потрошувачите се во можност голем број од проблемите да ги решаваат навремено и брзо.

ОВЛАСТЕНИОТ ПРЕСТАВНИК НА ЗАЕДНИЦАТА НА СОПСТВЕНИЦИ, може да побара:

1. Поголема испорака на топлинска енергија во објектот;
2. Контрола на исклучени станови и доградби;
3. Увид на мерилото на топлинска енергија;
4. Информации во врска со режимот на испорака на топлинска енергија и дефекти

На овој начин се дава поголема легитимитет на сите претставки од потрошувачите, а во иднина комуникацијата ПОТРОШУВАЧ- СНАБДУВАЧ, ВО ЦЕЛОСТ БИ СЕ СВЕЛА ПРЕКУ ОВЛАСТЕНИОТ ПРЕСТАВНИК НА ЗАЕДНИЦАТА НА СОПСТВЕНИЦИ.

Заради тоа сите поединачни барања што ќе бидат доставувани од потрошувачите согласно точка 1, 2, 3 и 4 Снабдување Исток нема да ги земе во предвид, односно разгледување.



Снабдување Исток ги известува своите потрошувачи дека во тек е голема акцијата за присилно исклучување на потрошувачите кои немаат платено повеќе од 3 фактури од грејна сезона 2010/2011 и кои имаат неподмирено долгови што се тужени за подолг временски интервал. Акцијата за присилно исклучување ќе трае континуирано.

Со навременото подмирување на фактурите за греење, Вашиот Снабдувач ќе може на време да ги плати фактурите за гориво, односно за испорачаната и дистрибуирана топлинска енергија од страна на Производителот и Дистрибутерот на топлинска енергија. Секое пролонгирање на обврската за редовно подмирување на фактурите за греење, дополнително го усложнува работењето на Вашиот Снабдувач, односно се проблематизира континуираното и безбедно снабдување со топлинска енергија.



USAID во соработка со Снабдување Исток Дооел -Скопје реализираше проект на објект во Автокоманда на Ул Лазар Поп Трајков бр 34 со цел намалување на потрошувачката на топлинска енергија на ниво на објект со подбрување на термичката изолација на објектот и вградување на термостатски вентили.

Сл 1. Пред  санација  на објектот

Сл 1. Пред санација на објектот

Сл 2. По санација на објектот

Сл 2. По санација на објектот

Извршена е санација на целата надворешна фасада на објектот, со вградување на топлинска изолација (стиропор) со дебелина од 10 cm, санација и реконструкција на кровот, заменети се обичните радијаторски со термостатски вентили како и фугирање и дихтување на прозорите.

Финансирањето на проектот е од страна на USAID, а Снабдување Исток го таргетираше објектот и беа приложени техничките податоци за истиот во однос на потрошувачката на објектот, големината и бројот на становите и социјалната структура на потрошувачите.

Досега се видливи значителни подобрувања од аспект на подобрување на термичкиот конфор и намалување на потрошувачката, а со тоа и фактурите за топлинска енергија.

Конечните резултати ќе бидат објавени по истекот на грејната сезона.



прес конференција

прес конференција

На 10.02.2011 Снабдување Исток Дооел-Скопје одржа прес конференција со медиумите, за да ги сопшти резултаите од реализацијата на Пилот проект со наслов: Распределба и наплата на топлинска енергија на ниво на стан со помош на топлински распределители.

Избран е објектот на Ул Бул Јане Сандански бр 114, со 8 стана и еден деловен потрошувач, со просечна квадратура на становите од 100 м2. Опремата е донација на фирмите производители на опрема: За распределителите –Техем од Германија, а за термостатските вентили –Данфос од Данска.

Резултатите од имплементацијата на проектот за првиот дел од грејната сезона 2010/2011 се охрабрувачки и истите се објавени на Веб страната.



Снабдување Исток Дооел –Скопје направи своја Веб страна и истата е поставена на Интернет од 08.02.2011.

Веб страната ги содржи сите потребни работи кои се во функција на правилното информирање и едукација на нашите потрошувачи, вклучително и на новинарите.

Се надеваме дека на овој начин ќе се намали и незадоволството кај оние потрошувачи, кои заради својата недоволната едуцираност и информираност знаеја често да реагираат и за работи за кои не беа во право.