За нас

СНАБДУВАЊЕ ИСТОК ДООЕЛ – Скопје е Друштво за снабдување со топлинска енергија, формирано од страна на Топлификација АД Скопје, со одлука на Управниот одбор од 18.02.2008 год.

Друштвото е формирано за да се либерализира пазарот на топлинска енергија  и подобри квалитетот на услугите према крајните потрошувачи и истото почнува активно да работи од 01.02.2009 год. со ресурсите кои претходно ги извршуваа функциите поврзани со регулираната дејност снабдување со топлинска енергија.

Заклучно со 31.12.2009 год., СНАБДУВАЊЕ ИСТОК ДООЕЛ – Скопје, во име на Топлификација АД Скопје, согласно потпишаниот договор, ги извршуваше сите функции поврзани со регулираната дејност снабдување со топлинска енергија. Од 01.01.2010 СНАБДУВАЊЕ ИСТОК ДООЕЛ – Скопје изготвува и наплаќа фактури за услугата за греење кои гласат на име на друштвото.

Друштвото е носител на ЛИЦЕНЦА за извршување регулирана дејност снабдување со топлинска енергија на потрошувачите бр. ТЕ – 09.03.1/09 од 06.10.2009 год., издадена од Регулаторната Комисија за Енергетика на  Република Македонија.