СНАБДУВАЊЕ ИСТОК ДООЕЛ -Скопје го снабдува со топлинска енергија конзумното подрачје кое гравитира во две општини:
- Општина Аеродром;
- Општина Гази Баба.
Конзумното подрачје кое е во рамките на општина Аеродром ги опфаќа населбите:
- Стар Аеродром;
- Јане Сандански;
- Ново Лисиче.
Конзумното подрачје кое е во рамките на општина Гази Баба ја опфаќа населбата Автокоманда.
Конзумното подрачје опфаќа административен, деловен и станбен простор, при што доминатна застапеност има станбениот простор, односно ДОМАЌИНСТВАТА од 83,70%.
Заклучно со 31.12.2010 год, ангажираната топлинска моќност на конзумот изнесува 143,524 MW со вкупен број на потрошувачи од 16 764 и вкупен број на активни мерни места од 552.
СНАБДУВАЊЕ ИСТОК ДООЕЛ -Скопје ги снабдува Потрошувачите со топлинска енергија преку дистрибутивната мрежа, од Регулираниот производител на топлинска енергија Топлификација АД-Скопје, односно од Топланата Исток.