1. Упатство за испорака на топлинска енергија.
Испораката на топлинска енергија од страна на регулираниот производител на Топлинска енергија (Топлификација АД) се врши според Температурниот режим на работа на топланите, во зависност од температурата на надворешниот воздух од -15ºС до + 12ºС. (член 49 од Мрежните правила за дистрибуција на топлинска енергија за греење).
Со Упатството за испорака на топлинска енергија се дефинира:
- Испораката на топлинска енергија и прекинот на работа на топланите во зависност од надворешните временски услови;
- Стартувањето на топланите по направен дневен прекин на испорака на топлинска енергија;
- Прекинот на работа на топланите на крајот на денот;
- Стартувањето на топланите по направениот ноќен прекин во испорака на топлинска енергија;
- И др.
за да се оптимизираат трошоците за греење кај Потрошувачите како и да не се предизвика прегревање на објектите.
2. Правилник за утврдување на квалитетот на испорачаната топлинска енергија.
Потрошувачите кои се незадоволни од испорачаната топлинска енергија односно имаат просечна температура во станот помала од 20ºС, можат да поднесат писмено барање до Снабдувачот за проверка на квалитетот во наплатниот центар во Аеродром.
После поднесеното писмено барање, Снабдувачот, ќе изврши мерење на температурите во просториите кога за тоа ке се создадат временски услови и доколку измерените температури се под 20ºС врз основа на кој се доделува Решение за процентуално ослободување за тековната грејна сезона, согласно Правилникот за утврдување на квалитетот на испорачана енергија, одобрен од страна на Регулаторната комисија за Енергетика на Р.Македонија.