Снабдувањето со топлинска енергија на тарифните потрошувачи може да почне и пред 15 октомври, но не и пред 1 октомври, доколку во три последователни денови во периодот од 28 септември до 15 октомври, надворешната температура во 21:00 часот е 12ºС или пониска, според податоците од Управата за Хидрометеоролошки работи на Република Македонија.
Снабдувањето со топлинска енергија на тарифните потрошувачи може да се врши и по 15 април, но не подоцна од 1 мај, доколку во три последователни денови во периодот од 13 април до 29 април, надворешната температура во 21:00 часот е 12ºС или пониска, според податоците од Управата за Хидрометеоролошки работи на Република Македонија.
- Да ги замените неисправните радијаторски вентили, вертикали и грејни тела од внатрешната грејна инсталација,
- Да ја пријавите секоја завршена интервенција на грејната инсталација во диспечерскиот центар на тел: 3 076 200, за да објектот биде навреме приклучен на топлификациониот систем и подготвен за почеток на грејната сезона. Во спротивно објектот ќе остане без греење и со статус – интервенција на внатрешна инсталација во тек,
- Обезбедување непречен пристап на службените лица до топлинската станица, што подразбира типски клучеви на соодветните врати како и на вратата на самата топлинска станица,
- Обезбедување постојано напојување на топлинската станица со електрична енергија (платени фактури за електричната енергија за пумпите од топлинската станица и исправна електрична инсталација до топлинската станица)
Колку е повисока температурата на надворешниот воздух, толку е помала температурата на врелата вода на влез во грејните тела, односно нивната загреаност, и обратно.
За вториот дел од грејната сезона (јануари – април), се изработува исто така авансна фактура за потрошувачите кои надоместокот за греење го плаќаат на 12 месеци за тековната грејна сезона, за месеците: јануари, февруари, март и април.
Основа за дефинирање на авансната фактура е потрошувачката на енергија од претходната грејна сезона, коефициентот на прогнозирана потрошувачка на енергија, цената на топлинската енергија на почетокот на плаќањето за новата грејна сезона, ангажираната моќност и вкупниот број на активни потрошувачи.
Авансната фактура се пресметува согласно член 37 од Тарифниот систем за продажба на топлинска енергија (Сл весник бр 151/2009).
За вториот дел од грејната сезона (јануари – април ), со фактурата за АПРИЛ која е последна авансна фактура се дава податок за финасикото задолжение од авансните фактури за период (август – април) и финансиското задолжение, по мерач, согласно потрошената топлинска енергија за период (октомври – април).
До колку финасикото задолжение по мерач е поголемо од авансното, разликата се доплаќа во месеците: мај, јуни и јули.
- На 12 месеци (фактури), со тоа што плаќањето почнува од август, а завршува со јули месец наредната година,
- На 8 месеци (фактури), со тоа што плаќањето почнува од октомври, а завршува со мај наредната година,
- На 7 месеци (фактури), со тоа што плаќањето почнува од октомври, а завршува со април наредната година. Да напоменеме дека во тој случај мора да има согласност од сите потрошувачи на тоа мерно место.
Категоријата на потрошувачи ОСТАНАТИ, надоместокот за потрошената топлинска енергија за една грејна сезона го плаќаат на 7 месеци (фактури), од октомври до април наредната година.
Категоријата на потрошувачи ДОМАЌИНСТВА, до колку сакаат да го променат начинот на задолжување со надоместокот на топлинска енергија, согласно наведените опции, истото треба да го направат пред почетокот на грејната сезона до крајот на месец јуни.
До колку тоа не се направи, ќе бидете задолжувани со надоместокот за топлинска енергија во 12 месечни фактури
Потрошувачите кои се незадоволни од квалитетот на испораката на топлинска енергија, односно температурите во нивните простории се помали од 20ºС, од горенаведената, можат да поднесат стандардно писмено барање до Снабдување Исток, за проверка на квалитетот на греење во наплатниот центар во Аеродром.
По поднесеното писмено барање, Снабдувачот, ќе изврши мерење на температурите во просториите кога за тоа ќе се создадат временски услови и доколку измерените температури се под 20ºС, се доделува решение за процентуално ослободување за тековната грејна сезона, согласно Правилникот за утврдување на квалитетот на испорачаната топлинска енергија, одобрен од страна на Регулаторната Комисија за Енергетика на Р.Македонија.
До колку при контролата се утврди дека има нелегално приклучоци, или има надгради, или доградби, потрошувачот ќе биде задолжен ретроактивно од почетокот на грејната сезона, а на останатите потрошувачи ќе им бидат корегирани фактурите, односно ќе им се намалат, заклучно со порамнувачките фактури.
Во објектите каде се испорачува топлинска енергија поголема од потребната, заради кои настанува и прегревање на објектот, потрошувачот може да влијае на висината на надоместокот за топлинската енергија, до колку ја пријави рекламацијата во диспечерскиот центар на Дистрибутерот на топлинска енергија на тел: 3 076 200, или писмено да се обрати до својот Снабдувач, во согласност со член 40, став 3, од Правилникот за условите за снабдување со топлинска енергија (Сл весник на Р.М бр 151/09).
Прегревањето на објектот. Повисоки температури од вообичаените, над 20ºС значи поголема потрошувачка, а со тоа и повисока фактура. Потрошувачот е должен да пријави доколку има прегревање на објектот.
Високи внатрешни температури = висока потрошувачка = високи фактури.
Дивоприклучени потрошувачи. Доколку на едно мерно место има дивоприклучени потрошувачи ова исто така ја зголемува потрошувачката на објектот, односно на активните потрошувачи. Доколку постои сомнеж за вакво нешто заедницата на сопственици може да го пријави ова со писмен допис до Снабдувачот.
Голем број на исклучени потрошувачи. Во случај кога од минатата грејна сезона до тековната има голем број на исклучени потрошувачи, над 50% и повеќе, топлинските загуби се делат на помал број на потрошувачи поради што е можно порамнувачките сметки да се повисоки за одреден процент од авансните.
(1) Во колективните објекти за домување каде распределбата на надоместокот се врши преку еден колективен мерен уред може да се врши поединечно исклучување на потрошувачите по нивно барање, по претходно добиена согласност од вкупниот број на потрошувачи на тој колективен објект.
(2) Исклучените потрошувачи од став 1 на овој член се задолжуваат со плаќање на надоместокот за ангажирана моќност (фиксен дел) од надоместокот за топлинска енергија, кој се определува согласно тарифниот систем за топлинска енергија.
(3) Доколку сите потрошувачи од исто мерно место писмено побараат исклучување од топлификациониот систем за цела грејна сезона или повеќе грејни сезони истите не се задолжуваат со надоместок доколку за пресметковниот период на мерниот уред не е регистрирана потрошувачка на топлинска енергија.
Сите заинтересирани потрошувачи можат да подигнат готов образец (барање) во наплатниот центар на Снабдување Исток кој се наоѓа на адреса Ј.Сандански бр.49.
Исклучувањето ќе се реализира согласно член 54 став 3 и 5 кои гласат:
(3) Исклучување и приклучување на затоплуваниот простор на потрошувачот може да се изврши, по барање на потрошувачот, само вон грејна сезона, односно во период од 30 мај до 30 август во годината.
5) Доколку потрошувачот поднесе барање по истекот на рокот утврден во став 3 на овој член, снабдувачот ќе постапи по барањето кога ќе бидат создадени услови за тоа, без да се наруши режимот на греење на останатите потрошувачи, а потрошувачот доколку се работи за исклучување ќе биде задолжуван со надомест до денот на исклучувањето.
Потрошувачот при поднесување на барањето за исклучување потребно е да постапи согласно член 54 став 6 кој гласи:
(6) Потрошувачот при поднесување на барање за исклучување должен е да ги подмири сите заостанати обврски кон снабдувачот по основ на испорачана топлинска енергија.
При поднесување на барањето за исклучување се наплатува за услугата согласно ценовникот.
1. Плаќање на долгот во готово со пресметана камата од 10%;
2. Плаќање на долгот спогодбено, односно на рати со законска камата.
Еден од основните услови за склучување на Спогодба е да потрошувачот ја плати првата рата која изнесува 30% од вкупниот долг, а се со цел остатокот од долгот кој изнесува 70% да биде предмет на поделба на рати. Ратата се определува да биде пристапна за потрошувачот, бидејки тој во иднина покрај ратата од Спогодбата треба да ја плаќа и тековната фактура што всушност ќе го сочинуваат месечниот трошок на потрошувачот кој треба да се уплатува во наплатниот центар на Снабдување Исток.
1. Главен долг – неплатени фактури за кои е поднесена тужба;
2. Судски трошоци – трошоци за кои се поднесува тужбата;
3. Барање за законска казнена камата – парични средства кои се побаруваат од валутата на доспеаноста на тужените фактури до денот на нивната уплата.
Доколку каматата за задоцнето плаќање(категорија на потрошувачи Останати) стане предмет на тужење, во момент кога се изготвува тужбата, таа станува главен долг на кои тече законска казнена камата од денот на поднесување на тужбата во судот до денот на наплатата.
Пр: ако рокот за плаќање на фактурата за месец 01/2010 е 20-02-2010, а фактурата се плати на 15-04-2010, каматата која ќе произлезе (сметано од 20.02 до 15.04.2010 година) ќе биде вкалкулирана во првата наредна фактура која ќе се изготвува, односно во фактурата за месец 04.2010 која потрошувачот ја добие во месец 05.2010 година.
Согласно член 5 и член 16 од Правилникот за условите за снабдување со топлинска енергија, снабдувачот и потрошувачот се должни да склучат договор за снабдување со топлинска енергија, за да ги регулираат меѓусебните права и обврски.
Потрошувачот од катергорија на потрошувач Домаќинства , кој сака да изврши промена на име на фактурата, заради промена на сопственост е должен да ги приложи и обезбеди на увид следниве документи :
1. Потврда за претходниот потрошувач за целосно платен долг,соглано датата на склучување на купопродажниот Договор;
2. Купопродажен договор;
3. Имотен лист;
4. Лична карта;
5. Договор за Снабдување со топлинска енергија;
6. Образец “Барање” за промена на потрошувач.
Документот под реден број 6 се пополнува во наплатниот центар на Снабдувачот.
За категорија на потрошувачи Останати , до колку сопстевникот е физичко лице важат горе наведените документи .
За Правните лица исто така важат истите документи ,со тоа што наместо лична карта се доствува Тековна состојба од Централен регистар.
Снабдувачот, може да купи топлинска енергија од Производителот и да ја плати услугата на Дистрибутерот, до колку потрошувачите редовно си ги плаќаат фактурите за греење.
Во спротивно се проблематизира континуираното и безбедно снабдување со топлинска енергија од страна на Снабдувачот, согласно условите од Лиценцата за работа.

Заостанатите долгови на редовните и тужени побарувања потрошувачите можат да ги подмират во Наплатниот центар на Снабдување Исток, што се наоѓа на Бул. Јане Сандански бр 49.
Исто така потрошувачите можат да ги подмират своите долгови и во Наплатниот центар на Снабдување Запад на Ул Лондонска бб и во Наплатниот центар на Снабдување Центар на Ул Климент Охридски бр 58 б.
1. Да склучи договор за снабдување со топлинска енергија со Снабдувачот,
2. Да ја одржува техничката и функционална исправност на грејната инсталација,
- Инсталацијата за прием на топлинска енергија во објектот има два дела: заеднички дел, кој е надвор од просторот кој го користи Потрошувачот и посебен дел, кој е во просторот кој го користи потрошувачот.
- Согласно постоечките законски прописи Законот за домување (Сл весник бр 99/2009) за првиот дел од инсталацијата се одговорни сите Потрошувачи или фирмата која ја одредила Заедницата на сопственици, а за вториот дел од инсталацијата одговорен е секој Потрошувач.
- Освен исправноста на инсталацијата за користење на топлинската енергија, потребно е да се обезбеди и електрична енергија за работа на пумпите во топлинската станица, што е исто заедничка обврска на Потрошувачите
3. Редовно да ги плаќа фактурите за греење.